Експлодира Брза помош – 17 жртви, 110 повредени

од desk2
117 прегледи

Најмалку 17 загинаа, а 110 луѓе се повредени во експлозија на бомба во возило на Итната помош во Кабул соопштија властите, јави AP.

Италијанската невладина организација Emergency наведе дека има повеќе од 50 повредени кои се пренесени во болница и дека се работи за масакар, јави AFP.

Експлозијата се случи во населбата каде се наоѓаат канцелариите на Европската унија и седиштето на авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Одговорноста за овој самоубиствен напад со автомобил-бомба ја презедоа талибаните, една недела по нападот на хотелот “Interckontinental” во Кабул каде убија повеќе од 20 луѓе.

Нивото на предупредување за напади е на максимум во Кабул посебно во дипломатските населби каде има амбасади и седишта на странски институции.

Пратеникот Мирваис Јасини, кој бил во близина кога одекнала експлозијата вели дека возило на Итна помош се приближувало на контролен пункт, во близина на канцеларијата на Високиот совет за мир и многубројни странски амбасади, и дека потоа експлодирало.

Додава дека голем број луѓе останале да лежат на земја, пренесе Ројтерс.