ЕКСПЛОДИРА ВОЗ ВО СТРАЗБУР: Превезувал пратеници од Европскиот парламент!

од Nikola Popovski
60 прегледи

Денеска во Стразбур се случи експлозија во возот кој превезувал пратеници од Европскиот парламент назад во Брисел, пренесува „Политико“.

Политичарите штотуку се качиле во возот во 14 часот и 57 минути, кога била извршена евакуацијата.

Емануел Фулон, белгиски парламентарен помошник на групата „Renew Europe“, објавил на социјалните мрежи дека слушнал „експлозија“.

Данскиот европратеник Пеле Гертсен ја опишал евакуацијата како „хаотична“.

Противпожарните служби излегле на местото на железничката станица во Стразбур.

„Имаше технички инцидент во возот на станицата во Стразбур“, потврдиле од прес-службата на Парламентот, додавајќи дека нејзините служби се во контакт со надлежните органи и прават се за да организираат алтернативни превозни средства.

„Ве молиме, останете смирени“, ги повикал своите колеги парламентарниот функционер Гијом Принжиер, пренесува „Политико“.

Забележувајќи некои европратеници како се возат со такси, еден парламентарнен соработник се пошегувал дека тоа е во случај кога Парламентот им дава приоритет „на европратениците и децата на прво место“.

Бас Ајхаут, копретседател на Зелените, рекол дека одложувањето му дава „добра прилика да фати чекор со сите со кои не разговарал оваа недела“.

Европскиот парламент изнајмува специјални возови за своите членови и вработени меѓу Брисел и Стразбур, каде што се наоѓаат неговите комори. Во 14:57 часот возот имал резервирани 750 седишта, соопшти прес-службата на парламентот.

Слични содржини