190
На улицата „Разловечко Востание“ вчера во стан во сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, соопшти МВР.
Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.