Експлодирала плинска боца во Карпош, полицаец пренесен во болница

од Stefanija Kuzmanovska

На улицата „Разловечко Востание“ вчера во стан во сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, соопшти МВР.

Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.

Слични содржини