Експлозијата го потресе гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород, кој минува од Русија преку Украина, објави руската медиумска групација РБЦ, цитирајќи локални власти.
Регионалното министерство за вонредни ситуации во Руската Чувашка Република, каде што се случи несреќата, во близина на градот Казањ на Волга, соопшти дека добиле повик за пожар на гасовод, без да го прецизира името на гасоводот, пренесува „Ројтерс“.
In Chuvashia, Russia, a gas pipeline exploded. pic.twitter.com/DWfU3d5BlK
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) December 20, 2022
Најмалку три лица загинале во експлозија на гасоводот.
Експлозијата се случила во 13 часот и 44 минути по локално време во близина на селото Џамбактино.
„При изведување на градежно-монтажни работи, евентуално реновирање, дошло до експлозија. Сега итните служби ги преземаат сите приоритетни мерки, бидејќи е невозможно веднаш да се пријде на местото на настанот“, велат надлежните.