Експлозија на бојлер во семеен дом, едно лице заврши во болница

Од настанатата експлозија, сопственикот се здобил со телесни повреди

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 26.12.2025 во 07:29 часот во ОВР Свети Николе, С.П.(49) од Свети Николе пријави дека околу 06:45 часот во неговиот семеен дом експлодирал електричен бојлер.

Од настанатата експлозија, тој се здобил со телесни повреди, констатирани од лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа и се работи на расчистување на случајот.