Министерството за внатрешни работи информира дека 66-годишна жена од Пробиштип е повредена откако вчера во нејзиниот дом експлодирала плинска боца.
Според информациите, жената била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош.
„Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.