Експлозија на цената на „црното злато“: Нафтата сe продава за 130 долари за барел

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Трескавичните напори на купувачите на светските пазари на нафта да обезбедат доволни количества од овој извор на енергија поради страв од потенцијален недостиг предизвикаа денеска експлозија на цените на „црното злато“.

Откако минатата недела порасна за 21 отсто, европската нафта „брент“ утринава продолжи со растот поради ризикот САД и Европа да воведат санкции за извозот на руска нафта.

Во почетокот на азиското тргување, цената на брент порасна за 18 отсто или 11,84 долари на 129,8 долари за барел, додека американската сурова нафта ВТИ зајакна за 10,29 долари на 126 долари, покажуваат податоците на порталот oilprice.com, кој ги следи цените на нафтените пазари. во реално време.

„Ако Западот го забрани најголемиот дел од рускиот извоз на енергија, тоа би било голем шок за глобалните пазари“, рече Итан Харис, главен економист во Bank of America (BofA), пренесе Танјуг.

Тој проценува дека загубата од пет милиони барели од Русија може да доведе до удвојување на цената на нафтата на 200 долари за барел и намалување на светскиот економски раст.

Харис посочува дека, покрај нафтата, дивиот раст на цените ги погодил и сите пазари на суровини, што не се памети од 1915 година. Во прилог на тоа наведува дека минатата недела никелот скокнал за 19 отсто, алуминиумот за 15 отсто, цинкот за 12 и бакарот за 8,0 отсто, додека пченицата на фјучерс пазарот порасна за 60 отсто, а пченката за 15 отсто.

Според експертот од BofA, тоа само ќе придонесе за нагорно движење на глобалната инфлација.

Слични содржини