Експлозија во фабрика за барут во Русија, има жртви и двоцифрен број на повредени

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Најмалку пет лица загинаа, а 13 се повредени во експлозија која се случи во фабрика за барут во рускиот регион Тамбов, јавува „Анадолија“.

Во соопштението на Тамбовската регионална управа на министерството за вонредни состојби на Русија, соопштено е дека вчера дошло до експлозија во фабриката за барут, по што избувнал пожар.

Потврдено е дека во експлозијата загинале пет лица, а 13 се повредени.

Се уште не е позната причината за експлозијата во фабриката.

Слични содржини