Експлозија во Хамбург: Жителите предупредени да ги затворат прозорците (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
156 прегледи

Голем пожар избувнал во магацини за камиони во Хамбург, поради што итните служби издале здравствено предупредување за околните жители, јавуваат медиумите.

Пожарот избувнал утринава во 4 часот и 30 минути и местото сега е целосно зафатено во пламен. Се слушаат експлозии, а во извештаите се наведува дека на местото истекува водород сулфид.

Силен чад се издигнал на небото над огнот, а во околината има станбени блокови.

Официјалните лица ги информирале жителите да ги држат прозорците и вратите затворени и да избегнуваат да излегуваат надвор.

Противпожарната бригада на Хамбург соопштила дека населението може да бидат под влијание на димни гасови и хемиски компоненти при вдишување воздух поради пожарот.

Во тек е најголемата операција за гасење пожар во Хамбург во последните десет години. Се претпоставува дека во моментот на пожарот немало никој на местото на настанот, а засега нема информации за жртви.

Слични содржини