210
Во хемиска фабрика во Тексас утрото по локално време се случи експлозија во која најмалку три лица се повредени, соопшти локалната спасувачка служба која нареди евакуација на околни подрачја.
Пожарникарите објавија на својот профил на Фејсбук дека во круг од 800 метри околу фабриката ТПС во Порт Нечес сите мора да се евакуираат.
Оштетени се и згради во близина на фабриката. Експлозијата во фабриката Хунтсман се почувствувала и на 65 км. оддалеченост. Петрохемиската фабрика се наоѓа на 135 км од Хјустон.
BREAKING: Explosion rocks Jefferson County
An explosion and fire is reported at a Jefferson County plant. pic.twitter.com/WXSlrwmaDZ
— KFDM News (@kfdmnews) November 27, 2019