Експлозија во Италија: Се урна зграда има и жртви (ВИДЕО)

од Берта Китинска
398 прегледи

Едно лице загина, а осум други се водат за исчезнати при уривање на четирикатница во италијанскиот град Равануци на Сицилија, јавува АНСА.

Пронајдено е тело на маж, а се бараат и лицата кои се заглавени во урнатините. АНСА наведува и дека две жени биле извлечени живи од урнатините – 80-годишна жена која со тешки скршеници и повреди била пренесена во болница и нејзината снаа, која спасувачите ја пронашле кога слушнале ѕвонење на мобилен телефон.

Како веројатна причина за несреќата се наведува експлозија на гас. Италијанските медиуми јавуваат дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас, а можно е цевката да пукнала поради лоши временски услови или лизгање на земјиштето.