Експлозија во Мадрид: Најмалку 18 повредени

од Nikola Popovski

Најмалку 18 лица, од кои едно потешко, се повредени во силна експлозија што се случи денеска во четирикатница во центарот на Мадрид, соопштија шпанските власти.

Се сомнева дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас.

На местото на експлозијата, која се случила во луксузен дел од градот, итно пристигнале екипи на брзата помош.

Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, изјави дека четири лица се итно пренесени во болница, од кои едно е во критична состојба, додавајќи дека причината за експлозијата се уште не е јасна. Според него, „извршени се некои работи во зградата“ во која се случила експлозијата.

„Пожарникарите се внатре и ја проверуваат структурата на зградата и утврдуваат дали може да има повеќе луѓе внатре“, рече Алмеида.

Во експлозијата се оштетени три ката од зградата, а локалните медиуми јавуваат дека некои луѓе може се заробени внатре.

Фото: Profimedia

Слични содржини