Шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов загинал во експлозија во југоисточниот дел на Москва, соопштиле руските власти.
„Утрото на 17 декември, на Рјазански проспект во Москва, активирана е експлозивна направа поставена под електричен тротинет до влез на зграда. Кирилов и неговиот помошник загинаа во експлозијата“, велат од Истражниот комитет на Русија.
Тамошните медиуми јавуваат дека од силината на експлозијата се скршиле прозорците на зградата спроти местото на експлозијата. Се наведува дека Кирилов живеел во зградата пред која експлодирал тротинетот.
Областа каде што се случила експлозијата е блокирана, а на терен се полициски и медицински персонал, како и претставници на Истражниот комитет и руската полиција.
Се додава дека е убиен и помошникот на Кирилов.
Во октомври, Велика Британија воведе санкции за Кирилов, велејќи дека тој ја надгледувал употребата на хемиско оружје во Украина и дејствувал како „значаен портпарол за дезинформациите на Кремљ“.