383
Утрово се случи експлозија во центарот на Белград, а потоа и пожар. Според српските медиуми, експлодирала плинска боца, а неколку лица биле повредени.
Неколку екипи на брза помош излегоа на терен.
Две лица се веќе пренесени во Ургентниот центар (УЦ).
Едно лице е пренесено во Ургентниот центар за реанимација, додека друго лице со изгореници и повреди е пренесено исто така во УЦ.
Од силината на експлозијата се искршени бројни прозорци во околните локали. Пожарникарите и полицијата се на терен. Брзата помош се грижи за повредените.
Фото: Нова.рс