Во центарот на Загреб, Хрватска, се случи експлозија од која се оштетени возила и стакла на зградите, но повредени нема, соопшти полицијата.

Како што пренесе Index.hr, експлозијата се случила во 6.30 часот утрово, во улцата каде што живее поранешниот претседател на ХДЗ и потпретседател на Владата Томислав Карамарко.
Според зборовите на еден сведок, експолизијата се случила во едно кафуле, а најверојатно се работи за бомба.