Експлозијата во центарот на Москва најверојатно предизвикана од петарди

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Московската полиција соопшти синоќа дека прелиминарните резултати од истрагата укажуваат на можноста дека експлозијата во центарот на руската престолнина, во која три лица се повредени, ја предизвикале рачно изработени петарди.5665efa2c3618866678b45b4

Портпаролот на московската полиција Андреј Галијакберов изјави дека е можно петардите да се фрлени од автомобил во движење или од прозорец на висококатница.

Експлозијата одекна на автобуска станица околу 19 часот по локално време и тој случај во моментот се третира како хулиганство.

Според руски медиуми, две жени се префрлени во болница, додека третата се здобила со полесни повреди. Ниту една жена не е во животна опасност