Експлозивна направа фрлена во двор од куќа во Ѓорче Петров

од Vladimir Zorba
83 прегледи

  Непознат сторител ноќеска 40 минути по полноќ фрлил експлозивна направа во двор од куќа во скопската населба Ѓорче Петров, во сопственост на 43-годишниот Д.С..

МВР соопшти дека нема повредени, но од експлозијата е предизвикано оштетување на куќата и на две патнички возила – „мерцедес“ и „шкода фабија“ кои биле паркирани во дворот.

Според полицијата, најверојатно се работи за кашикара. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.