Рекордни 22 тони кокаин се запленети во воена операција во Еквадор, соопштија денеска еквадорските власти.
Војската соопшти дека дрогата, која била дистрибуирана во 733 големи пакувања, најверојатно ќе била испратена во Азија, Европа и Америка, објави Ројтерс.
Подготовката за операцијата против организираниот криминал траеше шест месеци, што вклучуваше планирање и следење на картелот, се додава.