Ел Каби како никој досега во нокаут фазата: Маркона со 11 гола ги надмина Роналдо, Бензема и Фалкао

од Vladimir Zorba
706 прегледи

Ајуб Ел Каби ја испиша историјата не само на Олимпијакос, туку и на европските купови! Напаѓачот на Олимпијакос го реши финалето на конференцијата на УЕФА Лигата со гол во 116. минута против Фиорентина, но го собори и рекордот по број на голови во нокаут фазата, надминувајќи ги Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Радамел Фалкао!

Мароканецот има постигнато 11 гола во нокаут-фазата, еден повеќе од Роналдо (Реал, ЛШ 2017), Бензема (Реал, ЛШ 2022) и Фалкао (Порто, Лига Европа 2011).

Мароканецот оваа сезона постигна 16 гола во Европа, пет во групната фаза на конференцијата на УЕФА лигата и рекордни 11 гола во конференцијата на УЕФА Лигата. Никој во 21 век не успеал да постигне дури шест гола во полуфинале и финале.

Сигурно е дека Олимпијакос тешко ќе го задржи Мароканецот во Пиреја по оваа сезона, но и тој како и оваа екипа го изживеа клупскиот сон.

Европскиот трофеј ќе ги краси витрините на најтрофејниот грчки клуб.

Слични содржини