„Ел Паис“: Шпанија потврди дека го прифаќа косовскиот пасош

од Nikola Popovski
995 прегледи

Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека Шпанија потврдила дека го прифаќа косовскиот пасош, иако не ја признава независноста на земјата, пренесува „Коссев“.

Според извештајот на овој весник, Европската комисија во април објави дека Шпанија ќе биде единствената земја во Шенген зоната во која граѓаните на Косово нема да можат да патуваат, пишува „Коссев“.

„Шпанија го прифати косовскиот пасош како валиден и покрај тоа што не ја признава независноста на оваа земја…“, нагласува шпанскиот весник, повикувајќи се на извори во тамошното МНР и Европската Унија.

Вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими вчера соопшти дека Шпанија го признава пасошот на Република Косово и порача дека граѓаните на Косово можат да патуваат во Шпанија без виза.

„Добрите вести продолжуваат. За нашите граѓани и земја. DG Home соопшти дека сега дури и Шпанија ги признава пасошите на Република Косово. За да можеме да патуваме без визи во оваа земја“, навел Бислими.

Тој понатаму додал дека безвизниот режим започна на 1 јануари и дека Шпанија сега е дестинација која е додадена во земјите од Шенген зоната каде што можете слободно да патуваат. Граѓаните на Косово на 1 јануари почнаа да патуваат во Шенген зоната без визи.

Одлуката на ЕУ за визна либерализација за Косово беше потпишана на 19 април 2023 година од претставници на Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Слични содржини