Во Интер Мајами, Луис Суарез дојде од Гремиo со наградата за најдобар фудбалер во најсилната бразилска лига.
Во меѓувреме, Уругваецот наполни 37 години, и е најдобар играч во првите седум кола од МЛС лигата.
Подобар од освојувачот на Златната топка, Лионел Меси, кој има три гола и една асистенција, додека Ел Пистолеро, кој е половина година постар, има пет гола и три асистенции.
Меси не играше поради повреда во ремито на Интер Мајами со Њујорк Сити (1:1), Уругваецот го постигна голот за водство.
Луис Суарез е вториот најдобар стрелец во лигата, Луис Морган од Њујорк Ред Бул има гол повеќе, но нема асистенции.
Меси оваа сезона во МЛС одигра само три натпревари и има три гола и една асистенција, но во првите шест настапи откако пристигна во најсилната северноамериканска лига имаше гол и две асистенции.
Во првите шест, учинокот на Луис Суарез е четири гола плус три асистенции.