Електричната Dacia Spring може да поскапи за 3.500 евра поради новите давачки од ЕУ

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Почетната цена на Dacia Spring би можела да се зголеми за 3.500 евра. Такво сценарио ги чека Dacia и Renault кога ќе стапи на сила планот на Европската унија за воведување тарифи за електричните автомобили произведени во Кина. И Tesla ќе се соочи со значително зголемување на цената.

Претходно ова лето, Европската комисија ги објави плановите за воведување повисоки тарифи за електричните автомобили произведени во Кина, според Klix.

Предложени се повисоки фиксни такси за неколку кинески производители. На пример, наместо досегашните 10 отсто, царината за возилата BYD ќе биде 17,4 отсто. Во случајот на Групацијата Geely, која ги поседува брендовите Volvo и Polestar, би се применувала двојно повисока царинска стапка од 20 отсто, а во случајот SAIC, која е сопственик на MG, дури 38,1 отсто. Овие давачки ќе стапат на сила на 4 јули.

Поради воведувањето на овие нови индиректни даноци, значително ќе се зголемат цените на електромобилите со пристапни цени. Така е и со Dacia Spring, чија почетна цена на романскиот пазар е 16.900 евра и на која ќе се плаќа данок од 21 отсто, односно по новата и намалена стапка од 20,8 отсто. Со стапување во сила на новиот систем за царинење, на евтиниот електричен модел на марката од Миовени ќе му се зголеми почетната цена за 3.500 евра.

Затоа е веројатно Dacia Spring од оваа есен да има нова почетна цена од 20.400 евра. На францускиот пазар поскапувањето ќе биде уште поголемо. Таму електричниот градски модел би бил поскап за речиси 4.000 евра во однос на сегашната почетна цена.

Dacia Spring нема да биде единствената жртва на повисоките цени. Tesla Model 3, на пример, на некои пазари во ЕУ може да има почетна цена зголемена за 8.500 евра, не сметајќи ги субвенциите од државата. Така, Tesla Model 3 на крајот ќе чини 49.490 евра, наместо сегашните 40.990 евра колку што чини на одредени пазари во ЕУ.

Слични содржини