Електродистрибуција: Хотел со 4 ѕвезди на ул. „Луј Пастер” нелегално приклучен на мрежа

Хотел со 4 ѕвезди на ул. „Луј Пастер” е нелегално приклучен на мрежа. При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер”, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност, соопштија од Електродистрибуција.

од Vladimir Zorba
69 прегледи Фото: Електродистрибуција

Хотел со 4 ѕвезди на ул. „Луј Пастер” е нелегално приклучен на мрежа. При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер”, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност, соопштија од Електродистрибуција.

Каблите веднаш се исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар, велат оттаму.

„За време на дополнителна контрола се утврди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли. Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект. Случајот е документиран и за истиот е поднесена Пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи“, додаваат од Електродистрибуција.

Слични содржини