ЕЛЕМ да не почнува никакви инвестициски активности за проекти надвор од основната дејност

од desk4
85 прегледи

Владата на денешната седница одлучи АД ЕЛЕМ да не почнува никакви инвестициски активности за проекти надвор од основната дејност, а непочнатите проекти да не влегуваат во инвестициската програма за 2018 година.

Владата, како што соопшти, и наложи на компанијата и да се испита можноста за раскинување на склучените договори за кои не е почната реализација, во случај да не постојат финансиски импликации.