
Од ЕЛЕМ во одговор за 24 вести испратен попладнево велат дека ЕРП системот кој опфаќа неколку сегменти е во функција освен делот на сап системот кој е во фаза на пуштање во работа.
Од таму наведуваат дека не се точни наводите на СЈО дека биле исплатени 456 илјади евра за негово одржување надвор од договорот бидејќи бил направен анекс на основниот договор поради измени на законодавството и на дел од процедурите внатре во компанијата. Договорот е со важност до 2018 година и последниот сегмент на имплементација е во завршна фаза, потенцираат од ЕЛЕМ.