Во соопштението од Електрани на Македонија се вели дека „поради регистрирани технички отстапувања од номиналните параметри во работењето и проработување на заштитните системи, во текот на денешниот ден два енергетски блока на РЕК „Битола“ се исклучени од ЕЕС (електроенергетскиот систем). По извршените проверки на постројките, во тек се операции за пуштање на двата енергетски блока во производство и се очекува во попладневните часови истите да бидат вклучени во ЕЕС на државата. Едниот енергетски блок, кој заради неопходните активности за оптимизација на параметрите после извршена модернизација на котелот беше во планиран застој, во ЕЕС ќе биде вклучен во раните утрински часови.Останатите произвдни капацитети на АД ЕЛЕМ произведуваат согласно потребите на ЕЕС на државата, па нема потреба од дополнителен увоз на електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи во земјата.“
По тој повод прес конференција одржаа и битолските социјал-демократи. Побараа одгворност за неработењето на РЕК Битола:
“Она што го кажувавме и на што предупредувавме денеска се случи.РЕК Битола е во тотален колапс.Денеска не се во функција сите три блокови на рударско енергетскиот комбинат.
Бидејќи повеќе од 80% од вкупното производство на електрична енергија во земјава доаѓа од овој комбинат, повеќе од јасно е дека по најновата хаварија ќе мора да се изврши интервентен увоз на скапа струја, а цехот на крајот го плаќаме, ние граѓаните.
Ако постојано не работат и одново и одново се поправаат, еден блок, два блока, еве сега и трите блокови заедно, тогаш за што се дадени неколку стотици милиони евра што власта ги правдаше дека се за реконструкција на блоковите на РЕК?
Нели ќе се подобреше функционирањето на РЕК Битола?Напротив, испадите и дефектите зачестија!
Раководствата на ЕЛЕМ и РЕК Битола мора да понесат одговорност”-изјави Васко Ковачевски од битолскиот огранок на СДСМ
