Еликсир од билки за свежо лице

од Vladimir Zorba
153 прегледи

bilki

Сакате вашето лице секое утро да е свежо и одморено, дури и да не сте се наспале добро?

Има како да постигнете овој ефект – ако редовно ја третирате кожата со коцки мраз. Тие се особено погодни оваа сезона.

Како да се подготвите?

Експертите препорачуваат да користите магдонос, нане, маточина, босилек, како и цветови на камилица, невен, роза, шипка. Истурете околу 3 лажички сушени листови од билките и запарете ги околу 10 минути на бавен оган.

Потоа оставете ги да киснат околу еден час. Конечно истурете ја смесата во сад за мраз. Кога ќе се стегнат билките во вид на “кристали”, користете ги за масажа на лицето по миењето.

Се разбира, може да експериментирате со различни состојки – најважно е коцка да е од мраз и да го користите систематски!