220
Според денешниот индекс на милијардери на „Блумберг“, шефот на „Тесла“ и „Твитер“, Елон Маск се врати на врвот на листата на најбогати луѓе во светот, на кој на крајот на 2022 година се наоѓаше претседателот и извршен директор на конгломератот за луксузни стоки Луј Витон Моет Хенеси (LVMH), Бернард Арно.
Богатството на Маск сега изнесува 187,1 милијарди долари, надминувајќи го Бернард Арно, чие богатство се проценува на 185,3 милијарди долари, објави „Блумберг“.
Богатството на Маск на почетокот на оваа година изнесуваше 137 милијарди долари.