427
Елон Маск бил фатен во друштво на неговата 23 години помлада нова девојка, австралиската актерка Наташа Басет, додека уживале на ручек во Сент Тропе.
Двојката е видена на ручек во хотелот Шевал Бланк, каде собите чинат повеќе од 1.300 долари за ноќ. Маск (50) и Басет (27) се видени како заедно пијат вино, јадат помфрит и сталожено разговараат додека келнерите „летаат“ околу нив. Парот потоа, рака под рака, излегол од скапиот ресторан.
Тие првпат беа видени заедно во февруари, само два месеци откако Маск и Грајмс го дочекаа своето второ дете преку сурогат мајка.