Принцезите на Дизни постојат повеќе од 80 години, па неколку генерации на девојчиња можеа да се поистоветат со нив. Тие не се совршени, имаат некои доблести и маани, но од секоја може да се научи по нешто.
10. Јасмин – Аладин
Таа е независна и ралистична, се бори за она во што верува и истакнува дека „ не е награда која некој може да ја освои“, но истовремено е тврдоглава.
За добар пример ја сметаат 44% од испитаниците, додека само 4% сметаат дека не е.
9. Елса – Снежното кралство
Иако е фаворит меѓу денешните девојчиња и иако се обидува да ја заштити својата сестра, испитаниците веруваат дека таа е помалку себични бидејќи истовремено ја исклучува, знаејќи колку тоа и е трауматично.
Затоа за добар пример ја сметаат само 46%, а 7% не мислат дека таа треба да е некој на кого би се угледале малите девојчиња.
8. Ана – Снежното кралство
Иако можеби и премногу е под влијание на своите емоции, таа е науплашлива, чувствителна и несмасна со тоа што малите девојчиња можат да се поистоветат.
Потполно е несебична и е одличен пример за некој кој покажува поддршка и безусловна љубов, па 49% ја сметаат за добар пример, а 5% лош.
7. Рапунзел – Многу заплеткана приказна
Иако целиот свој живот и кажуваат колку светот е опасен, таа и понатаму има доверба во луѓето. Малку е наивна, но воедно е и одличен пример за тоа дека сите заслужуваат втора шанса.
Рапунзел е една од најпозитивните принцези, па 57% мислат дека таа е добар пример, а 4% не веруваат во тоа.
6. Покахонтас
Таа е силна личност, поврзана со природата, но иако се бори за мир, донекаде ги загрозува блиските луѓе поради својата љубопитност.
Покахонтас ја сметаат за добар пример 57% од испитаниците, а 2% не мислат дека тоа е некој кој треба да биде пример.
5. Бела – Убавицата и ѕверот
Бела има способност да види повеќе од нечив изглед, не се заљубува брзо и на прв поглед, а нејзината љубов расте како што подобро го запознава ѕверот кого го менува на подобро.
Неа 58% ја сметаат за позитивен пример,а 5% не.
4. Тијана – Принцезата и жабата
Страствена во се што прави и сонувач, иако за разлика од другите принцези таа немала многу и морала напорно да работи за да го постигне она што го има и никогаш не сонувала за богатство.
Затоа 60% ја сметаат Тијана за добар пример, додека 3% мислат дека е лош пример.
3. Мерида – Храбра
Третото место ѝ припадна на Мерида, а 66% мислат дека таа е добар пример, додека 2% не се согласуваат со тоа.
Мерида не учи дека секој има право да ја смени својата судбина, поради што не и е проблем да ги прекрши правилата и традициите. Иако греши, покажува колку е важно да се застане зад себе.
2. Мулан
Таа им докажа на сите девојки дека можат да прават што ќе посакаат и тогаш кога сите се сомневаат во нив. Таа дефинитивно е најхрабрата принцеза од сите и прави што сака бидејќи не се плаши, туку знае дека тоа е исправно.
Од испитаните 68% се сложуваат дека Мулан е добар пример, додека 2% имаат спротивно мислење.
1. Моана
Моана по многу е принцеза со најреално покажано тело, а квалитети ѝ се тоа што ги почитува родителите и постарите, ги охрабрува другите и има сопствени цели и желби кои може да ги оствари сама, без принц.
Неа најмногу ја сметаат за добар пример, 72% од испитаниците.