Британскиот музичар Елтон Џон се налути од зборовите на рускиот претседател Владимир Путин,
кој ги нарече вредностите на либерализмот „надживеани“ и изјави дека повеќето луѓе на Западот
ги отфрлаат.
Во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“, Владимир Путин рече дека германската канцеларка
Ангела Меркел згрешила со либералната политика кон имигрантите од Блискиот Исток.
„Либералните идеи укажуваат дека не треба ништо да се прави. Мигрантите можат да убиваат, да
ограбуваат, да силуваат неказнето, бидејќи имаат права како мигранти. Кои права се тоа? Секое
кривично дело треба да биде казнето“, вели во интервјуто Владимир Путин.
„Значи, либералната идеја е „надживеана“. Таа влезе во конфликт со интересите на мнозинството
од населението“, продолжува Путин.
Елтон Џон прошири соопштение во кое вели дека е многу вознемирен од овие зборови, соопшти
„Ројтерс“.
„Категорично не се согласувам со вашиот став дека следењето на политики за општество со многу
култури и сексуална разновидност е „надживеано“, рече тој.
Музичарот, кој е геј, го обвини исто Владимир Путин за лицемерство, бидејќи во истото интервју
рускиот претседател вели дека сака луѓето од ЛГБТ заедницата да се среќни. Елтон Џон потсети
дека биографскиот филм „Rocketman“, во кој се зборува за неговиот живот, бил цензуриран во
Русија.
Во истото интервју Владимир Путин вели дека Русија не е нетолерантна, но западната желба да
биде прифатена хомосексуалноста и промената на родовиот идентитет му се чинат премногу.
Елтон Џон, кој е меѓу активистите на геј движењето, се шокирал и од законот за забрана на
популаризацијата на хомосексуалноста меѓу малолетниците во Русија.