Елтон Џон присуствуваше на премиерата на „Elton John: Never Too Late“ на филмскиот фестивал во Њујорк. Тој проговори за својата здравствена состојба со која во последно време не е најсјајна.
Тој се пошегува дека „не останало уште многу од него“, бидејќи му недостасуваат неколку органи кои ги загубил по операциите, пишува „Дејли мејл“.
„Да бидам искрен со вас, не остана многу од мене. Немам крајници, аденоиди, слепото црево и простата. Немам десен колк, немам лево колено и десно колено. Всушност, единственото нешто што го имам лево е мојот лев колк, но јас сум сè уште тука и не можам доволно да ви се заблагодарам, вие сте тие што ме создадоа“, рече Елтон.
На филмскиот фестивал ги воодушеви сите присутни фанови со своите неверојатни вокални способности, а свиреше и на клавир. Тој неодамна ја заврши својата проштална турнеја и сега ја објасни својата одлука повеќе да не настапува.
„Како што знаете, решив да престанам со турнеите бидејќи имам 77 години, направив се што можеше да се направи. Успеав“, рече тој, додавајќи дека музиката ќе продолжи да биде голем дел од неговиот живот. Тој исто така рече дека најважно му е семејството, неговиот сопруг Давид и нивните синови Закари и Елајџа.
На почетокот на септември, познатиот музичар им се обрати на своите фанови на Инстаграм и откри дека летото се борел со сериозна инфекција на очите. „За жал, имам ограничен вид на едното око. Се опоравувам, но процесот е исклучително бавен и ќе биде потребно извесно време за да се врати видот на заболеното око“, напиша Елтон.
На неговата објава реагираа илјадници фанови, но и некои познати ѕвезди. „Ти испраќам многу љубов, Елтон. Ти посакувам брзо закрепнување. Те сакам“, му напиша тогаш Донатела Версаче, а брзо закрепнување му посака и познатата манекенка Линда Евангелиста.
Елтон имаше здравствени проблеми и минатата година откако падна во својата вила во Ница. По падот на кратко завршил во болница, а се потврди и неговиот портпарол.
„Можеме да потврдиме дека по вчерашниот пад во неговиот дом на југот на Франција, Елтон ја посети локалната болница како мерка на претпазливост. Тој беше пуштен веднаш утрово по прегледот и сега е вратен дома“, рече тогаш тој.