Елвис Бајрам: Со тепање ли доаѓа животот што го најавува СДСМ?

од desk4
81 прегледи

Сакам да ги повикам сите Роми кои што живеат во општина Шуто Оризари да сфатат дека наспроти паролата на СДСМ дека доаѓа живот, животот не е дојден. Сакам да ги прашам дали животот доаѓа кога некој треба да ме тепа и удира во глава, рече кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам на денешниот митинг.

Тој повика на 15. октомври граѓаните да излезат и да го казнат СДСМ уште во првиот круг и кажа дека неговата здравствена ситуација не е добра, но се појавил на митингот за да ги предупреди жителите на Шуто Оризари, што ќе се случи „доколку другите дојдат на власт“.

– Ова ви го кажувам од сето срце и душа и ве повикувам на 15. октомври да излезете и да гласате за бројот 18 и мене, а воедно и да гласате за градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, рече Бајрам.