ЕМА: АстраЗенека не треба да се дава на лица над 60 години

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Европската медицинска агенција (ЕМА) во неделата соопшти дека земјите треба да ја избегнуваат вакцината АстраЗенека против Ковид-19 за оние над 60 години од страв од ретка појава на згрутчување на крвта.

ЕМА смета дека АстраЗенека е безбедна за сите возрасни групи, но неколку земји-членки на ЕУ престанаа да ја користат за млади или ја ограничуваат на лица на возраст од 50 до 65 години.

Оваа одлука ја донесоа земјите по евидентирани случаи на згрутчување на крвта кај помладата популација.

Лидерот на работната група ЕМА за Ковид-19, Марко Кавалери рече дека останува нивниот став дека „во контекст на пандемија, корисноста на вакцината е поголема од можните ризици“.

„Но, бидејќи инфекцијата се смирува и со оглед на тоа што младите се помалку изложени на ризици поврзани со Ковид-19, сметаме дека би било подобро за нив да користат вакцини развиени со технологија mRNA, како што се „Модерна“ или „Фајзер“, рече Кавалери.

Тој потврди дека оваа препорака важи и за лица над 60 години и дека Франција и Германија, кои имаат повеќе видови на вакцини на располагање, одлучија да ја избегнат АстраЗенека за над 60 години и претпочитаат да им нудат вакцини за mRNA.

Слични содржини