ЕМА даде „зелено светло“ за уште една вакцина

од Vladimir Zorba
385 прегледи

Европската регулаторна агенција за лекови (ЕМА) во понеделникот објави дека дала зелено светло за одобрување на нова вакцина против коронавирус од американската фармацевтска компанија „Новавакс“.

По официјалното одобрение на Европската комисија, „Новавакс“ ќе биде петта вакцина против коронавирус што ќе биде одобрена за употреба во Европската унија.

За разлика од четири други веќе одобрени вакцини, „Новавакс“ е вакцина базирана на протеини. Содржи ситни честички кои се состојат од лабораториски произведена верзија на шилестиот протеин Sars-CoV-2, вирус кој ја предизвикува болеста КОВИД-19.

„Фајзер/Бајонтек“ и „Модерна“ се вакцини со РНК за пренос на податоци, додека „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“ се векторски вакцини.

„Новавакс“ со седиште во Мериленд поднесе барање за одобрение од ЕУ во ноември.

Слични содржини