ЕМА денес без „зелено светло“ за вакцината на Модерна

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Европската агенција за лекови денес не излезе со препорака за употреба на вакцината против ковид на компанијата Модерна на територијата на ЕУ.

„Комитетот за хумани лекови денес не ги заврши разговорите за вакцината против ковид 19 на Модерна. Разговорите ќе продолжат на 6 јануари“, соопшти ЕМА.

Доколку биде одобрена во среда, вакцината на Модерна ќе стане втора вакцина против ковид 19 што ќе се појави на пазарот на ЕУ.

Слични содржини