ЕМА ја оценува француската вакцина „Valneva“

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека започнала со оценување на вакцината против КОВИД-19 од француската биотехнолошка компанија „Valneva“, неколку недели откако Европската унија потпиша договор со компанијата за испорака на вакцината.

Одлуката да се започне анализа во реално време се заснова на прелиминарни студии кои сугерираат дека вакцината VLA2001 предизвикува одговор на антитела на коронавирусот, се вели во соопштението на ЕМА, пренесе Ројтерс.

Вакцината против КОВИД-19 на кинески „Sinovac“ и француско-британската Sanofi / GlaxoSmithKlein (GSK) и рускиот институт Гамалеј се исто така под ревизија од страна на ЕМА, која има за цел да ги забрза можните одобрувања со проучување на податоците веднаш штом ќе станат достапни.

Минатиот месец, Европската комисија го потпиша осмиот договор за вакцина против Ковид-19 со „Valneva“, според кој компанијата треба да испорача до 60 милиони дози од вакцината во текот на две години.

„Valneva“ во октомври рече дека нејзината вакцина покажала ефикасност „барем еднакво добра, ако не и подобра“ од AstraZeneca, во студијата во доцната фаза во која вакцините се следеа паралелно, при што вакцината на „Valneva“ има значително помалку несакани ефекти.

Слични содржини