ЕМА ја препорача вакцината на Модерна за деца од 12 до 17 години

од Берта Китинска

Европската агенција за лекови (ЕМА)  денес ја одобри употреба на вакцина против ковид 19 на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години.

Употребата на „Модерна“ вакцината  ќе биде иста како кај адолесцентите на возраст од 18 до 25 години, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека вакцинацијата на деца се смета за многу важна за постигнување колективен имунитет.

Компанијата „Модерна“ уште во мај објави дека вакцината е ефикасна и за тинејџери.

Слични содржини