ЕМА одобри вадење на шеста доза од шишенце вакцина против ковид 19

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Европската агенција за лекови (ЕМА) во петокот одобри дека може да се извади шеста доза од шишенцата вакцини против ковид 19 произведени од „Фајзер“ и „Бионтек“, што ќе овозможи повеќе лица да се вакцинираат бидејќи недостасуваат вакцини.

Земјите-членки започнаа да ги вакцинираат граѓаните со таа вакцина пред две недели, откако доби одобрение од ЕМА.

ЕМА првично одобри пет дози по шишенце вакцина.

„Одборот за лекови за човечка употреба (CHMP) на Европската агенција за лекови ѝ препорача да се ажурираат информациите за производот Comirnaty за да се појасни дека секое шишенце содржи шест дози од вакцината“, се вели во соопштението на Европската агенција за лекови.

Вакцината се продава во Европската унија под името Comirnaty.

Конечното одобрување мора да го даде Европската комисија, која обично ги следи препораките на ЕМА.