ЕМА одобри вакцина против два соеви на омикрон

од Nikola Popovski
259 прегледи

ЕВРОПСКАТА Агенција за лекови (ЕМА) денеска ја препорача бустер дозата на вакцината против Ковид-19 дизајнирана за борба против соевите на омикрон БА. 4/5 само неколку дена откако одобри повеќе примероци од вакцината прилагодена на постариот сој БА.1.

Најновата препорака е за таканаречена бивалентна вакцина развиена од Фајзер и Бионтек, која го таргетира БА.4/5, како и оригиналниот сој на вирусот што се појави во Кина во декември 2019 година, пренесува Ројтерс.

ЕМА препорача вакцините да се даваат на лица постари од 12 години кои ја примиле барем примарната вакцина против коронавирусот, а конечното зелено светло треба да даде Европската комисија, што се очекува наскоро.

Иако постојните вакцини против коронавирус обезбедуваат добра заштита од хоспитализација и смрт, нивната ефикасност се намали како што вирусот еволуираше.

Слични содржини