ЕМА проучува 3 нови несакани ефекти на „Фајзер“ и „Модерна“

од Vladimir Zorba

Европската медицинска агенција (ЕМА) денеска објави дека разгледува три нови услови со цел да процени дали се можни несакани ефекти од вакцините против коронавирусот од компаниите „Фајзер“ и „Модерна“, откако беа регистрирани мал број на такви случаи.

Како што е наведено во соопштението, Комитетот за безбедност на ЕМА ја проучува формата на алергиска реакција на кожата – мултиформен еритем и нарушувања на бубрезите – гломерулонефритис и нефротски синдром.

РНК технологијата што се користи во тие две вакцини беше пресвртница во пандемијата на вирусот и за научната заедница поради неговата висока ефикасност, но во време кога се повеќе и повеќе луѓе низ светот се вакцинираат, се следат ретки несакани ефекти, пишува Ројтерс.

ЕМА минатиот месец откри врска помеѓу многу ретки срцеви заболувања и РНК вакцини, но заедно со Светската здравствена организација, оцени дека придобивките од тие вакцини ги надминуваат ризиците.

ЕМА не наведе колку случаи на нови несакани ефекти се пријавени по вакцинирањето со , но посочи дека од „Фајзер“ и „Модерна“ побарала повеќе информации од тие компании за да анализира можна врска помеѓу нив.

Слични содржини