ЕМА: Се уште е рано да препорачаме употреба на трета доза

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Сe уште нема доволно податоци за да се препорача употреба на третата, засилувачка доза, објави денеска Европската агенција за храна и лекови (ЕМА), откако некои земји од ЕУ рекоа дека ќе почнат да ја даваат третата доза на најранливиот дел од населението од септември.

ЕМА кон средината на јули изјави дека се потребни повеќе податоци пред да се даде препорака за зголемена доза, но најголемите земји од ЕУ како Германија и Франција продолжуваат со плановите да дадат засилувачка доза во секој случај, објави „Ројтерс“.

– Сега е прерано да се потврди кога ќе бидат потребни засилувачки дози против ковид -19, бидејќи се уште немаме доволно податоци од вакцинации и тековни студии за да утврдиме колку долго трае заштитата од постоечките дози – наведува ЕМА.

Меѓутоа, Германија има намера да им даде зголемена доза на имунокомпромитирани пациенти, стари лица и жители на домови за стари лица, од септември.

Планот на Франција е да се даде третата доза од вакцината на стари лица и лица со придружни болести, исто така од следниот месец.

Слични содржини