Ема Стоун е фаворит за главна женска улога на овогодинешите Оскари

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Актерката Ема Стоун е најверојатен фаворит во категоријата главна женска улога на овогодинешните награди на Американската филмска академија “Оскар”. 5181542Само една недела пред светската премиера на нејзиниот нов филм “La La Land” едни од најпознатите американски критичари дадоа знак дека таа може да е следната носителка на престижното признание.

Ема Стоун веќе стана фаворит на критичарите во престижниот сајт GoldDerby.com кој прави проекции за носителите на кино наградите. Стоун има 16 од вкупно 27 гласа на критичари. По неа застанува Натали Портман со ликот на Џеки Кенеди во лентата “Jackie” со шест гласа.

Меѓу дамите со шанси според GoldDerby.com се исто така Анет Бенинг за филмот “20th Century Women”, Рут Нега за “Loving” и Тараџи П. Хенсон за “Hidden Figures”.