ЕМА: Вакцините се безбедни за бремени жени и бебиња

од Берта Китинска
701 прегледи

Резултатите од студијата во која беа опфатени 65.000 трудници во различни фази од бременоста покажаа дека вакцината против коронавирусот не предизвикува компликации за идните мајки и нивните бебиња, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).

Европската агенција за лекови во соопштението наведе дека студијата спроведена од нејзината работна група за Ковид-19, исто така, покажала дека вакцините против коронавирус се подеднакво ефикасни во намалувањето на ризикот од хоспитализација и смрт кај бремените жени, како и кај другите лица.

Слични содржини