Ема Вотсон оставa книги во лондонското метро за патниците

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Британската актерка Ема Вотсон често е забележанa низ подземните галерии на лондонското метро како остава на скришни места книги кои страстните читатели ќе ги откријат и прочитаат. emma-watson-maya-angelou-book-75926-годишната актерка, која стана светски позната како Хермиона Грејнџер благодарение на улогата во серијалот за момчето волшебник Хари Потер, обезбедува на непознати по неколку примероци од книгата, која се најде на врвот месечната нејзина онлајн листа.

Тоа е заедничка акција на Ема Ватсон и движењето Books On The Underground, со која “самовили” оставаат примероци од своите омилени книги за патниците кои случајно ќе ги најдат и евентуално ќе ги прочитаат, а потоа ќе ги пренесат на пријатели.emma-watson

Вотсон подели околу 100 примероци на делото на Маја Анџелоу ‘Mom & Me & Mum’, во некои од нив има и посвета.

Младата Британка беше назначена за амбасадор на добра волја на ОН во јули 2014 година._92226554_mediaitem92226553

На почетокот на оваа година таа започна да работи на споделувањето на книги, а Books On The Underground започна во 2012 и неделно дели по 150 книги во станиците на лондонското метро.

Патници кои, пронашле книги во метрото, често го споделуваат своето откритие во социјалните мрежи. _92229925_captureВотсон навлекува и критики во врска со феминистичките нејзини ставови и проектите со кои се обврза.

Неодамна таа призна во интервју дека немала и најмала идеја дека говорот во ОН за еднаквост на половите ќе ја “отвори Пандорината кутија” и преку интернет ќе ја потопат напади и тролови.

“Тоа беше мојот застрашувачки прв чекор како активист – збор кој никогаш не замислував дека ќе го користам за да се опишам себе”, вели Ема Вотсон.