Синоќа се одржаа последните предизборни митинзи на двајцата кандидати за претседатели.

Емануел Макрон води со над 20% пред Марин Ле Пен, покажуваат последните анкети пред вториот круг од претседателските избори во Франција, кои се одржуваат во неделата.
Кандидатите синоќа ги одржаа последните предизборни митинзи.
Ле Пен беше гаѓана со јајца, а Макрон беше нападнат од членови на синдикатот, кои се против либералните реформи.
Центристот Макрон се сврте кон левите избирачи, а лидерката на десниот Национален фронт Марин Ле Пен го заостри својот остар тон објаснувајќи дека во него има одек на “социјалното насилство што ќе експлодира во земјата”.