Ембиид опериран, има шанса да се врати до крајот на сезоната

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Суперѕвездата на Филаделфија 76-ерс, Џоел Ембиид беше успешно опериран на левиот менискус. Неговиот статус нема да се ажурира до еден месец од сега, но добрата вест за навивачите на Сиксерс е дека тој најверојатно ќе се врати на паркетот до крајот на сезоната. Тоа зависи од закрепнувањето на Ембиид во наредните недели, известува Адријан Војнаровски од ESPN.

Најдобриот стрелец во лигата оваа година се повреди во поразот од Голден Стејт Вориорс пред неколку дена, откако крилото на Вориорс, Џонатан Куминга случајно слета на коленото. До тој момент, Ембиид доминираше со просечни 35,3 поени, 11,3 скока и 5,7 асистенции.

Филаделфија се мачи без својот најдобар играч, губејќи пет од последните шест натпревари во отсуство на Камерунецот со американски пасош. Така Сиксерси паднаа на петтото место во поредокот на Источната конференција со скор од 30-19, но моментално имаат три победи во однос на седмото место Орландо, кој има 27-23.

Слични содржини