Ембла е повторно меѓу соучениците, Шаќири апелира: „Да се подигне свеста за децата со попреченост“

од Берта Китинска
429 прегледи

Четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар дете со посебни потреби, односно Даунов синдром е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“.

Родителите на децата од гостиварското основно училиште ја бојкотораат наставата бидејќи не сакаат нивните деца да одат во исто одделение со Ембла затоа што велат дека е агресивна и ја попречува наставата.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири утрово на Фејсбук соопшти дека на негово задоволство и на задоволство на нејзиното семејство, Ембла продолжува да стекнува нови знаења, да напредува и да ги развива пријателствата со своите врсници.

Шаќири напиша дека Ембла не ја почувствува радоста од повторното враќање во училишните клупи на првиот ден од второто полугодие, затоа што, за жал, како што вели, „во нашето општество се уште постојат стереотипни размислувања и предрасуди за луѓето со посебни потреби“.

– Среќата во очите на Ембла е наша заедничка среќа. Победа на општеството и на вистинските човечки вредности. Посакувам вакви ситуации да не се повторуваат. Затоа, мораме да продолжиме да даваме придонес кон подигнувањето на свеста за децата со попреченост. Тие не се поразлични од другите и заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование како и сите други. Тоа е основно право и должни сме да го овозможиме, да создадеме услови во кои секое дете ќе го развива и ќе го реализира својот полн потенцијал. Да докажеме дека подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е наш врвен приоритет и процес кој ќе продолжиме да го спроведуваме. Драга Ембла, ти посакувам успех во понатамошната едукација. Застанувам позади тебе во секоја следна битка!, напиша Шаќири на својот фејсбук.

Фото: ТВ Клан

Слични содржини