Емери го критикува Мбапе

од Vladimir Zorba

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери ја коментираше одлуката на францускиот репрезентативец Килијан Мбапе да остане во Пари Сен Жермен и да ја одбие понудата на шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Виљареал ја заврши сезоната во Ла Лига со победа од 2:0 на гости против Барселона и го зазеде седмото место во поредокот, обезбедувајќи учество на турнирот во Лигата на конференциите следната година.

Емери, кој беше тренер на Мбапе кога го водеше Пари Сен Жермен, смета дека играчот има право на сопствена одлука, но таа дошла предоцна.

„Многу го ценам и ја почитувам неговата позиција, но не и времето и начинот на кој ја соопшти својата одлука. Ова не е добро за фудбалот“, изјави Унаи Емери.

Претходниот договор на Килијан Мбапе со Париз истекуваше летото и со месеци се очекуваше да се пресели во Реал Мадрид. Сепак, Французинот избра повторно да потпише со Пари Сен Жермен, а тоа стана јасно една недела пред Реал да се соочи со Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите на „Стад де Франс“ во Париз.

Слични содржини